Категории

Дали заспивањето после секс значи незаинтересираност?

Однесувањето на партнерот после сексот кажува многу за тоа каква е вашата врска и кои се неговите намери за вашата врска.

Некои партнери после сексот сакаат да се галат и да разговараат, други да се завртат и да спијат, а трети да бидат сами.

Научниците на Универзитетот во Мичиген направија истражување на оваа тема и добија неверојатни заклучоци.

Според нив, доколку партнерот сака да заспие веднаш после сексот, тоа не значи дека не е заинтересиран или дека не му е гајле, туку дека се чувствува удобно и сигурно со вас, па може без проблем да заспие. Доколку ова постојано се случува, тоа значи дека е преоптоварен со некој проблем.

Ако партнерот сака по сексот уште да се бакнува, да се гали и да разменува нежности, тоа значи дека има зголемена желба за поврзување и комуникација, што е типично за почеток на врската.

Ако партнерот после секс сака да биде сам, се повлекува во друга соба или излегува, тоа најчесто укажува дека има некој проблем за кој не може да зборува.