Во свет полн со насилство, страдање и негативни работи, многу е важно да знаеме како да ги контролираме нашите реакции кон случувањата во светот.
Ова особено е важно за децата. Кога децата уште од рана возраст ќе започнат да имаат позитивен став и позитивно размислување кон животот, позитивното размислување станува навика што може да ги олесни притисоците кои се последица на растењето.
Еден од начините е да го научете го вашето дете да ги контролира своите внатрешни монолози. Наместо да повторува дека не му оди математиката, дека никогаш нема да заврши училиштето, научете го на глас да кажува дека иако има тешки пеироди, сепак треба да продолжи да се обидува да научи и да не се срами да побара помош од своите наставници или родители.
Oбидете се да создадете позитивно опкружување во вашиот дом гледајќи смешни филмови, шегувајќи се. Објаснете им на вашите деца дека само кога се смеат, можат да се чувствуваат подобро.
Редовно кажувајте му убави зборови на вашето дете, гушкајте го и бакнувајте го.
Кога вашето дете ќе доживее разочарување, научете го да размислува за лекциите што може да ги научи од искуството за да избегне повторување на грешките во иднина.
Помогнете им на децата да развијат хоби во кое ќе бидат добри за да изградат самодоверба. На пример, ако имаат прекрасен глас, охрабрете го да започне да посетува часови за пеење.