Тимот на националната асоцијација на готвачи „Гастромак“ деновиве беше дел од 16-тиот Интернационален гастрономски фестивал Истанбул 2018.
Тимот натпреварувачи беа членовите на „Гастромак“, Велимир Илиевски, Весна Тодоровска Алачковска, Лирим Даути и Благоја Велковски. На овој натпревар беа присутни повеќе од 3.000 натпреварувачи ширум светот. Во голема конкуренција сепак доминираше квалитетот на македонскиот тим „Гастромак“ сепак.
Покрај големата конкуренција, тие освоија бројни медали и дипломи, дури пет златни медали и четери сребрени медали беа резултат на долгогодишното искуство.
Благоја Велковски кој е дел од тимот на ресторан Аликас, освои златен медал за категоријата модерна кујна и сребрен медал за категорија паста.
Лирим Даути и Велимир Илиевски златен медал во категорија паста и сребрен медал во категоријата паста. Весна Тодоровска Алачковска е добитник на два златни медали во категоријата пица и модерна кујна и сребрен медал во категоријата азиска кујна.
– Пресреќни сме на постигнатите резултати на „Гастромак“ во таква силна конкуренција и со нетрпение ги очекуваме во Македонија – изјави претседателката на „Гастромак“, Адријана Алачки за Слободен Печат.