Категории

„Wenice“ го зголемува своето семејство на уште една локација

Квалитет, удобност, естетика и виножито од бои. Вака најпрецизно се опишува целокупниот асортиман на облека кој што се наоѓа во продажните места на „Wenice Multi Brand Kids Fashion“.

Познатиот бренд за детска облека, кој е успешно присутен на нашиот пазар уште од 2004-та година, следејќи ги последните светски трендови во светот на детската мода, на 7-ми овој месец, се проширува на уште една, четврта локација, каде што освен широката понуда на бебешка и детска облека, овој пат подготвува изненадување и за возрасните.

Имено, семејството на „Wenice“ се зголемува на нова локација во населбата Илинден со новости во својот асортиман кои особено ќе ги израдуваат возрасните. Во новото продажно место покрај стандардната детска облека, ќе бидат и застапени и производи за вашиот дом направени исклучиво од најквалитетни материјали. Поради тоа, не е случајност и името на овој објект – „Wenice Home“. На отворањето на новата локација, „Wenice“ подготвува попуст од -10%, -20% и -30% за сите посетители.

Wenice Home“ е местото каде што секој член од семејството ќе го пронајде она што му е потребно. Отсега, и вие и вашите најмлади ќе имате можност да купувате на едно место. Покрај најновата локација на „Wenice Home“ во населбата Илинден, долгогодишната успешна работа на „Wenice Multi Brand Kids Fashion“ придонесе овој бренд кој претставува лидер на нашиот пазар кога станува збор за најквалитетната детска облека, да биде застапен на уште три веќе добро познати локации и тоа во: Skopje City Mall (2 кат), Ramstore Mall (1 кат) и TC Biser (приземје). Освен на продажните места, најквалитетната и најразновидна детска облека може да ја нарачате и преку онлајн продавницата со намаление од -20% на целокупниот асортиман.

Бидете и вие дел од посетителите на отворањето на „Wenice Home“, заедно со вашите најмили и пронајдете го она што му е потребно на секој член од семејството.

Прегледи:
1133
Објавено на:
05.03.2018