Ким Кардашиан се обидува да промовира „чевли“ кои изгледаат како вистинска ноќна мора, а дизајнирани се од страна на Кание Вест.
Без разлика дали ги сакаме или мразиме, едно е сигурно: Ким Кардашиан и целото нејзино семејство се највлијателните луѓе во 21 век, во секоја смисла на зборот. Нејзиното тело стана идеал за убавина, нејзината шминка ја промени историјата на убавината, а она што ќе го облече – за неколку денови го носи цел свет. Сите сакаат да знаат што носи Ким, колку чини и од каде го купила.
Меѓутоа, некои работи не можеме да и ги простиме. Многу дизајнерски парчиња од нејзиниот сопруг Кание, кои ги носи не им се допаѓаат на мнозинството фанови и се прашуваат „Што е тоа што носи на себе?!“. Ким е всушност најдобриот модел и реклама за неговата „Џизи“ колекција, па поради тоа не треба ни да не зачудува фактот што некогаш таа носи чудни модни парчиња. Имено, така наједноставно можеме да ги опишеме овие чевли со кои Ким прошета низ Лос Анџелес.