Категории

Еве на колку време треба да се шишате ако сакате долга коса

Ја пуштате вашата коса да расте веќе неколку месеци така што го одложувате одењето на фризер? За жал, грешите, на тој начин на вашата коса и нанесувате повеќе штета.

Косата најбрзо расте кога е здрава, а тоа подразбира редовно шишање на оштетените врвови.

Колку често ќе се шишате зависи од вашата коса, но и од начинот на кој ја одржувате. Ако имате природна коса, тогаш сигурно поретко ќе треба да го посетувате фризерот од жените кои имаат фарбана коса. Забрзано оштетување на косата придонесува и редовното третирање на истата со топлина и производите за стилизирање.

Одењето на фризер може малку да го одложите со редовна нега на косата со масло, хидратантна маска и други хранливи препарати.

Ако се доволно посветени и грижливи за вашата коса ќе биде доволно да скратите околу половина сантиметар на секои два месеци. Доколку не се грижите многу за косата, тогаш вашиот фризер ќе мора да го посетувате почесто.

Прегледи:
882
Објавено на:
09.03.2018