Категории

Лекот ни е пред нос: Убиецот на канцерогените клетки расте во секоја градина?

Силен борец во тешката борба против туморот може да биде познатиот жолт цвет кој се користи во народната медицина за лечење на тешки болести.

Ширум светот познат е како заштитен знак на многу кампањи во борбата против ракот. Станува збор за нарцисот. Иако ова откритие звучи како некоја приказна, бајка, се чини дека во него има многу вистина. Имено, научниците откриле природно соединене кое се наоѓа во европскиот вид на нарцис, “Amaryllidaceae Narcissus”, алкалоид хемантамин кој го блокира создавањето на протеините кои се основа за раст и развој на клетките на туморот.

Клетките на туморот особено се чувствителни на редукцијата во синтезата на протеинот. Хемантаминот припаѓа на групата молекули од природно потекло меѓу кој е и морфиумот (познат како лек против болки), кинин (кој се употребува при лечење од маларија) и ефедрин (средство за лечење на болести на плуќата).

Поттикнува стабилизација на протеините и доведува до елиминација на клетките на туморот. Се врзува за рибозомите кои се одговорни за синтезата на протените.

Освен корисното дејство на нарцисот, при едно спроведено истражување се покажало како џвакањето на стеблото од нарцисот може да предизвика здравствени потешкотии, посебно осип и несвестица.

 

 

Прегледи:
494
Објавено на:
11.03.2018