Категории

Конференциска сала која ги исполнува сите услови

Во изминатиот век, се чини дека се случија огромни промени во однос на водењето на бизнисот. Одредени трендови доаѓаа и си одеа, но некои работи се постојани и никогаш не се менуваат. Од деловен аспект, ова особено важи за потребата луѓето да се состанат и да дискутираат на важни теми од бизнис сферата носејќи клучни одлуки и решенија.


За сето ова, неопходна е потребата од конференциска сала, која со својата опрема и капацитет ќе ги задоволи потребите како на помалите така и на поголемите компании.

Без разлика дали станува збор за презентација, конференција, прес-конференција, деловен настан, семинар или состанок, за да вроди со успех и да се постигне посакуваната цел, потребна е конференциска сала која ги исполнува сите услови. Кај нас, во склоп на Спортскиот Центар „Јане Сандански“, се наоѓа конференциската сала која располага со капацитет од 80 до 100 лица, опремена со современа аудио и видео опрема, сите технички елементи (LCD проектор, видео платно, флипчарт, Wi-Fi).

Салата е звучно изолирана и модерно опремена. За професионалниот пристап дополнително придонесува големото искуство на хотелскиот персонал кој помага при реализацијата на совршена конференција. Освен тоа, по желба на клиентот, тимот на хотел Руссиа подготвува и кетеринг.
Салата во хотел Руссиа е позната по професионалното организирање на различни настани од секаков тип, а досега во неа се одржани бројни семинари, бизнис средби и венчавки, како и различни приватни и деловни настани на највисоко ниво за бројни домашни и странски клиенти.

Конференциската сала е од особено значење за работата и ефективноста на еден тим поради меѓусебната интеракција која ја создава и можноста за креативност и соработка, фокусирајќи се на задачата без непотребно одвлекување на вниманието. Резервирајте го вашиот состанок на +38972246085 и доближете се чекор поблизу до успехот. Сами може да постигнете малку, но со тимската работа имајќи ги вистинските услови, можете да постигнете се.

Прегледи:
907
Објавено на:
13.03.2018