Андреј Кунанан, 27-годишен сериски убиец е човекот одговорен за убиството на повеќе мажи, вклучувајќи го и познатиот италијански дизајнер, Џани Версаче.
Пред атентатот на Версаче, Кунанан го убил архитект Ли Миглин, сопственикот на компанија за гас Џефри Трајл, милионерот Дејвид Џ. Мадсон и чуварот на гробишта Вилијам Рис. Ова е еден осврт на жртвите на Кунанан, што го предизвикало да изврши такви грозоморни злосторства, и што се случи со него на крајот.
Тинејџер патолошки лажго
Кунанан е роден на 31 август 1969 година во Калифорнија, од татко со филипинско-американско потекло, Модесто “Пит” Кунанан и мајка со италијанско-американско потекло, Марија Ен Шилачи. Пит, кој служел во Виетнамската војна, не бил наоколу кога се родил неговиот син, но по неговото враќање тој се погрижил најмладото дете секогаш да биде добро згрижено.
Тој го запишал Кунанан, кој имал натпросечен коефициент на интелигенција во висина од 147, во епископско независно училиште за да може да го добие најдоброто образование. Освен неговата разговорност и љубов кон науката, не покажувал никакви знаци дека Кунанан еден ден ќе нанесе огромна штета на други луѓе.
„Тој беше гордост и радост на татко ми“, изјавил неговиот брат Кристофер Кунанан за Дајан Соер во 1997 година, според ABC News. „Тој беше многу паметен, кога имаше околу 10 години, го имаше прочитано целиот сет на енциклопедии … и го научи на памет и можевте да му поставите било какво прашање, тој веднаш го знаеше одговорот“.
„Сепак, работите почнаа да излегуваат од контрола кога влезе во неговите тинејџерски години. Кунанан почна да гради репутација на огромен лажго; тој почнал креира идентитети за да се вклопи во своите врсници и да го промени својот изглед онака како што сметал дека е најпривлечно во тоа време. Ова е еден вид однесување кое често се припишува на оние кои страдаат од антисоцијално растројство на личноста“.
Кога имал 19 години, неговиот татко го напуштил семејството за да избегне апсење за проневера. Набргу потоа, мајката на Кунанан, која била исклучително религиозна, дознала дека е геј, факт за кој некои од неговите пријатели и членови на семејството веќе биле свесни. За време на една од кавгите, Кунанан ја фрлил својата мајка толку силно што и го изместил рамото. Експертите подоцна тврделе дека ова е знак на неговиот недостаток на емпатија, што е честа појава кај луѓето со нарушувања на личноста.
Ново поглавје
Кунанан се запишал на Универзитетот во Калифорнија во Сан Диего за да ја изучува американската историја во 1987 година. И покрај неговиот претходен академски успех, Кунанан не бил премногу заинтересиран да продолжи да студира, па затоа се отпишал две години подоцна. Кратко потоа, Кунанан се спакувал и се преселил во Сан Франциско, каде што активно ги посетувал хомосексуалците во областа Кастро и се спријателувал со многу богати членови на заедницата.
Кунанан измислувал приказни за своето минато, и бил многу добар во криењето на својата насилна страна. Подоцна било објавено дека тој имал невообичаен интерес за насилна порнографија. Многумина веруваат дека Кунанан работел како жиголо, а во тоа време ги запознал повеќето од неговите жртви, вклучувајќи го и Версаче.
Атентатот врз Џани Версаче
По четирите убиства, тој станал 449-тиот Американец кој се вбројува на листата на ФБИ во топ 10 најбараните бегалци. Сепак, нивната потрага се покажувала како неуспешна.
За два месеци, Кунанан се преселил во хотелот Нормандија Плаза, на само неколку километри од палатата на Версаче. Според менаџерот на хотелот во тоа време, серискиот убиец успешно успеал да го тргне вниманието од себе, бидејќи често го менувал својот изглед со носење перики и плаќал само во готово за неговиот престој и трошоци.
На 15 јули 1997 година, го извршил своето последно и злогласно злосторство: тој го убил модниот дизајнер Џани Версаче на чекор од неговиот дом.
Меѓутоа, пред да го повлече чкрапалото, тој се погрижил да го исчисти камионот, кој содржел облека, пасош, билет и исечоци од весници од неговите минати злосторства. Полицијата и сведоците се обиделе да го сопрат, но Кунанн бил премногу брз за да биде уапсен.
Исто како и првите две убиства, Кунанан претходно се сретнал со Версаче во Сан Франциско. Некои велат дека нивниот првичен состанок се одржал кога влијателниот дизајнер бил во градот за да присуствува на “Капричио” на Ричард Штраус, за кој тој ги дизајнирал костимите за “Сан Франциско” во 1990 година. Додека друга верзија на приказната објаснува дека тие се сретнале во Колос, ноќен клуб во Сан Франциско.
Откако Кунанан бил поврзан со некои од најбогатите луѓе во градот, можно е дека тој бил запознаен со фактот дека неговата последна жртва е еден од нив. Меѓутоа, тој велел дека бил на настанот како гостин на Версаче и дека претходно бил дел од куќата на дизајнерот на езерото Комо во Италија.
Смртта на Кунанан
Осум дена по атентатот на Версаче, теророт од страна на Кунанан завршил кога тој бил пронајден мртов во спалната соба во Мајами Бич. Тој починал од самонанесената рана со огнено оружје, користејќи го истиот автоматски пиштол со кој што го убил Мадсон, Риз и Версаче.
Вистинката причина зошто го убила Версаче никогаш не е откриена, а таа мистерија продолжила да ги прогонува семејствата на жртвите.