Категории

Звукот кој што го испуштаат е лековит. Дознајте зошто е здраво да чувате мачка.

Се знае дека мачките предат кога се среќни и задоволни. Тој звук кој што го испуштаат додека предат се движи на фрекфенција од околу 15 до 25 херци, а научните студии потврдиле дека тој звук може позитивно да влијае и на човековото здравје.

Еве што се предењето на мачките прави за човековото здравје:

  • Благодарение на ниската фрекфенција на мачкиното предење, кога ќе ви легне на стомак, доаѓа до опуштање на телото и умот.
  • Преку пренесување на фрекфенцијата на човековото тело, се смалува хормонот на стрес и личноста станува посреќна и поздрава.
  • Истражувањата покажале дека кога мачката преде, доаѓа до побрзо зараснување на скршените коски. Трикот се состои во тоа што вибрациите на фрекфенција од 25 до 50 херци, го забрзуваат процесот на зараснување на човечките коски.
  • Верувале или не, мачката која преде на вашиот стомак може да го намали крвниот притисок.

  • Научните студии покажале дека сопствениците на мачки имаат дури до 40% помали шанси за ризик од срцев удар.
  • Вибрациите кои ги постигнува мачката преку предење ја забрзува циркулацијата и така може да ги намали отоците и да ги елиминира инфекциите од телото на човекот.
  • Можат да откријат и болест за која не сте ни свесни. Стручњаците дошле до заклучок дека предењето на мачките е различно во моменти на уживање и во моменти на предупредување кон човекот на одредена болест, па доколку забележите дека мачката во последно време преде поинаку, обратете внимание на тоа што се случува во вашето тело – може станува збор за предупредување.