Категории

Што мислат жените во Македонија за своето тело?

Она што го мислите за себеси и за своето тело има големо влијание на тоа колку сте среќни. Во овој свет на социјални медиуми, каде постојано сме опкружени со нереални стандарди за убавина многу често се случува жените да се чувствуваат недоволно убави и да имаат ниско ниво на самодоверба.

Во светски рамки се повеќе и повеќе се промовира идејата дека секоја жена е убава на свој начин без разлика на обликот на телото, но кај нас досега оваа тема е многу малку обработена. Токму затоа е потребно да се зборува на темата „љубов кон себеси“. Наскоро започнува нова иницијатива чија цел е да се направи чекор напред на оваа тема.

Главната цел на ова движење ќе биде да се мотивираат жените да го сакаат своето тело без разлика каква е неговата форма. Движењето ќе вклучи и активности за будење на повисока самодоверба, борба против исмевањето на физичкиот изглед на другите луѓе и слични теми. Како прва активност на движењето се спроведува истражување за тоа што мислат македонските жени за своето тело. Целта на оваа анкета е да се увиди моменталната состојба и да даде податоци за тоа какви активности би било потребно да се изведат.

„Речиси целиот живот сум имала проблем со „body image“, но во последните неколку години научив како да си го сакам своето тело и се здобив со висока самодоверба. Во тој процес сфатив колку е всушност важно да си се сакаме себеси и своето тело онакво какво што е. Таа љубов е всушност најдобриот извор на било каков напредок на личноста: личен развој, професионален успех и здрав живот. Ова е тема која кај нас не е многу дискутирана, а треба да биде. Токму тоа е намената на оваа иницијатива.“ – вели Кика Авеиро, иницијаторот на движењето.

Девојки, жени, Ве покануваме да го дадете своето мислење со пополнување на анкетата.

За пополнување на анкетата, кликнете тука.

Прегледи:
402
Објавено на:
20.03.2018