Квалитетниот сон е важен за секојдневното функционирање и подигање на енергијата. Медицинските лице велат дека доколку имате вакви проблеми, сонот треба да го планирате половина час пред легнување.
„Ако не можете лесно да заспиете, имате многу обврски, преуморни сте или едноставно имате проблем да заспиете морате своето тело и ум да ги потавите во фаза подготовка за сон. Најмалку 30 минути пред спиење измијте ги забите и истуширајте се. Ова нека стане ваша рутина и не ја потценувајте моќта на навиките. Тие се многу делотворни во решавањето на овој проблем“.
- Потоа завршете ја последната обврска за тој ден – дговорете на мејл, порака, наместете го алармот за наутро
- Направете листа што треба да правите следниот ден – тоа ќе ви ги скрати подготовките наутро за најмалку 9 минути
- Потоа изгасете го светлото, лежете во мирна атмосфера 20 минути пред спиење.
- Петнаесет минути пред спиење истуширајте се. И тоа најдобро со топла вода, бидејќи така ќе го спуштите нивото на енергија, ќе се смирите и полесно ќе потонете во сон
- 10 минути пред легнување испразнете ја бешиката. Истражувањата покажале дека 42% од луѓето имаат лош сон затоа што сред ноќ стануваат за да одат во тоалет.
- Последните 5 минути поминете ги во тишина. Лежете во својот кревет без да разговарате со партнерот. Тоа ќе ве успие, иако се смета дека и разговорот некогаш може да ве успие. Сместете се удобно и одморете се.