Категории

(РЕЦЕПТ) Направете го највкусниот француски тост за појадок

Француски тост е еден од наједноставните појадоци за приготвување, но исто така доколку не ги внесете потребните состојки, вкусот може да ве разочара. Следете ги следните инструкции и ќе уживате во оброкот! 

Состојки:

  • 2 јајца на едно парче
  • 1 шолја млеко
  • ½ шолја јаворов сируп
  • 1 лажичка цимет
  • парче леб
  • путер

Подготовка:

  1. Измешајте ги сите состојки освен лебот и путерот во голем сад.
  2. Време е да го исечете лебот. Колку ќе бидат тенки кришките леб, зависи од вашата желба. Доколку скаате вистински француски тост, кришките леб исечете ги претходната ноќ и оставете ги непокриени преку ноќта, за следниот ден смесата да се апсорбира целосно во лебот.
  3. Потопете ги кришките леб во смесата од двете страни.
  4. Пржете ги лепчињата во тавче по 3 минути на секоја страна.
  5. Сервирајте ги кришките во чинија и по желба додадете јаворов сируп врз нив.

Добар апетит!

Прегледи:
2206
Објавено на:
26.03.2018