Категории

Памела Андерсон претерала со ботокс. Нејзините фанови ја критикуваат и одвај ја препознаваат!

Познатата актерка Памела Андерсон (50) долго време важеше за неприкосновена секс-бомба во Холивуд, но во желбата да го зачува својот изглед претерала со ботокс.

Таа се појавила на еден настан во Мадрид, а нејзиниот изглед изненадил многумина.

Нејзиниот изглед станал мета на многу критики. Сите се согласни дека некогашната ѕвезда на „Чуварите на плажата“ не личи веќе на себе. Многумина сметаат дека сега веќе потсетува на жената-мачка.

Познато е дека во времето на својата најголема популарност имаше најголеми силикони во градите, но сега се препуштила на пластичните операции на лицето.

 

 

Прегледи:
371
Објавено на:
27.03.2018