Категории

На 31.03.2018 година се одржува Третата Рапсоди Академија – најдобриот сопатник во вашите авантури

На наша огромна среќа и задоволство ви ја најавуваме Третата Рапсоди Академија, која ќе се одржи на ден 31.03.2018 година, во хотел Парк, од 15 :00 – 19:00 часот.


Академија посветена на сумирање на нашите резултати во изминатата година и најава за она што не очекува во наредниот период. Примарната цел на Рапсоди академијата е оддавање почит на нашите амбасадори соработници кои активно се вклучуваат во делот на маркетинг, продажба и организација на патувањата. Тимови на млади луѓе кои ја живеат рапсоди енергијата и истите на најдобар можен начин ја пренесуваат на своите врсници.

Оваа година Рапсоди академијата е замислена да се реализира во три делови, и тоа: сумирање на досегашните резулати и најава за идни проекти, едукативен дел во кој нашите соработници ќе имаат можност да уживаат во две успешни приказни како што се Grouper и Q-pick, и завршен дел посветен на компаниите и фирмите кои се нашите поддржувачи и спонзори.

Со присуство ќе не почестат NESCAFE – како наш генерален спонзор, ARMARIUM, БАДЕЛ – SVAROG, Среќа.мк, Сваштарник.мк, STU BRAND, KS графика, Либеро Бeнд и секако нашите домаќини хотел Парк.

Академијата по трет пат ја потврдува нашата мисија и цел – на секој патник и секој наш соработник да му понудиме и обезбедиме најдобар квалитет на услуга и незаборавно патување.

Дозволете да бидеме прв избор на сопатник на вашите авантури.

Прегледи:
641
Објавено на:
29.03.2018