Категории

Ова се 10 тетоважи што најчесто се отстрануваат

Ако веќе не сте задоволни со тетоважата или не се вклопува во вашиот сегашен стил, единствено сигурно решение е – отстранување на тетоважа.

Не е толку едноставно. Имено, тетоважата се поставува под горниот дел на кожата – така отстранувањето е често поскапо и многу покомплицирано отколку самото тетовирање. Најчестите процедури за отстранување на несаканите натписи на кинески, имињата на претходните партнери и слично се ласерска хирургија, хируршко отстранување или дермабразија (саканиот дел од кожата се лади се додека не е збрчкан, па се гребе со четка за отстранување на тетовираната кожа). Ако навистина одлучите да ја отстраните тетоважата, треба да се консултирате со вашиот дерматолог. Имајте на ум дека тетоважите се предвидени да траат – па отстранувањето е тешко и постои голема веројатност дека ткивото на лузната ќе остане на тој дел или ќе ја смени бојата (без оглед на процесот на отстранување).

1.Името на поранешниот партнер/ка

2.Делфини

3.Погрешно напишани цитати на странски јазик

4.Бодликава жица

5.Ѕвезди

6.Пеперутки

7.Кинески симболи

8.Келтски знакови

9.Астролошки знакови

10.Волшебни вили

 

Прегледи:
764
Објавено на:
30.03.2018