Категории

Денес е светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот

Денес е Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот со цел да се стави акцент на пречките со кои што се соочуваат лицата со аутизам и нивните семејства.

Како растечко глобално здравствено прашање, поради зголемената изложеност во медиумите и зголемувањето на општото знаење за оваа состојба, аутизмот е тема која од година на година добива на се поголемо разбирање, а активностите на здруженијата се планираат секоја година за понатамошно зголемување и развивање на општото познавање за децата и возрасните кои имаат аутизам.

Освен тоа, Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот, оди еден чекор понатаму и ги прославува уникатните таленти на личностите со аутизам, притоа фокусирајќи се на топлиот пристап, поздравувајќи ги вештините на лицата со аутизам кои заслужуваат да бидат одвбележани преку настани низ целиот свет.

Како и во светот, така и кај нас се организираат настани со цел се повеќе да се развие свеста и знаењето за аутизмот.

Прегледи:
1317
Објавено на:
02.04.2018