Категории

Поради љубовта кон кучињата, пејачката стана вегетаријанка

Љубовта кон нејзиниот најдобар пријател нема граници.

,,Кога сум со животни, заборавам на сите негативни мисли. Нема подобар почеток или крај на денот од мојот најсладок пит бул Мери Џејн “, вели 25-годишната пејачка Мајли Сајрус, која има тетоважа со нејзиното куче на нејзината рака.

Но, ова не е нејзиното прво тетовирано милениче! Откако нејзинто кутре Флојд почина во 2014-та година, таа одлучи да ја истетовира фигурата под нејзините гради, по што го истетовира и нејзиниот долгогодишен шкотски овчар. Поради љубовта кон животните, таа стана веган. ,,Имав риба што беше многу интелигентна, а свињата ми е попаметна од кучето. Бев во ресторан каде што подготвуваа иста риба како и во мојот аквариум. Тоа беше премногу “, изјави Мајли.

Интересно е колку фанови ја поддржуваат оваа одлука на младата пејачка и почнаа да го следат нејзиниот пример. Од друга страна, постојат такви кои се одлучиле за ваков тип на исхрана и начин на живот, со цел да го стопат вишокот килограми.

Прегледи:
382
Објавено на:
02.04.2018