Убави еднорози кои се популарни во последно време, исто така, може да се најдат на вашата велигденска трпеза.
Со малку имагинација и напор, едно обично варно јајце може да се претвори во шик еднорог. Вклучете се во правењето и восхитувањето на сопственото дело.
За да го направите ова ви треба:
– бело јајце
– црн маркер
– подебела хартија
– лепак
– светки
– ножици
– четка з
– вештачко цвеќе
– пиштол за лепак
Постапка:
Направете мал рог на подебела хартија во боја и декорирајте со светки. Рогчињата залепете ги на јајцата со помош на пиштолот за лепак. Со црн маркер нацртајте очи со трепки. Набавете мали букетчиња со вештачко цвеќе и залепете ги меѓу роговите.