Категории

Актерката го победи ракот, но повторно стравува за своето здравје бидејќи има повишени тумор маркери

Актерката Шенон Доерти (46), која се прослави улогата на Бренда во серијата ,,Беверли Хилс”, на социјалните мрежи откри дека лекарите во текот на нејзината најнова анализа забележале покачени тумор маркери.

,,Пребарувања и наоди: Еден тумор маркер е добар, вториот е покачен, тоа само значи дека ќе треба да правам и други анализи, но дури и после тоа, јас сум позитивна”, пишува таа.

,,Ова ми помага да ги гледам работите во перспектива и ме потсетува на сето она што го научив додека се борев со ракот, а понекогаш ми треба нов свеж поглед, како што веќе реков, ракот го менува животот на незамислив начин … Патем, покачени тумор маркери тие можат да бидат многу нешта. Ми треба и витамин Д”, истакна Шенон, кој се обидува да остане позитивна.

Загрижените обожаватели коментираа дека таа е воин и дека се до неа секогаш.

Прегледи:
431
Ознаки:
· ·
Објавено на:
05.04.2018