Категории

5 одлични утрински навики на успешните жени

Доколку се запрашувате како некои жени постигнуваат да ги завршат сите обврски во денот, и покрај тоа секогаш да изгледаат полни со енергија, можеби одговорот е во начинот на кој го започнуваат денот.

1. Стануваат на време

Кога ќе заѕвони алармот, пред себе имаш повеќе избори, а тоа што ќе го одлучиш многу ќе влијае врз остатокот од денот. Доколку го изгасиш алармот и останеш „уште само десет минути“, пропушташ важна можност да ја ставиш на тест силата на твојата волја. Успешните луѓе стануваат кога ќе им заѕвони алармот бидејќи во спротивно знаат што ги чека. Обидете се да го чувате телефонот или будилникот што подалеку од вас, за да мора да станете за да го исклучите. На овој начин многу потешко ќе се вратите во кревет.

2. Не проверуваат мејлови и пораки

Посегнувањето по телефонот веднаш по отворањето очи е лоша навика. Кога веднаш по будењето ги проверуваме мејловите и пораките, ги префрламе мислите во петта брзина, а тоа значи дека не му го даваме потребното време поминато во мир на нашиот мозок. Затоа, доколку сакате вашиот мозок да функционира одлично во текот на денот, барем првот час по будењето заборавете на своите гаџети.

3. Имаат добра „beauty“ рутина

За да ви започне денот убаво, важно е да се чувствувате убаво во својата кожа. Секоја жена знае колку е важна негуваната и убава кожа, а за фактот дека убавината доаѓа одвнатре не треба ни да говориме. Сите успешни жени кои водат динамични животи и секогаш се во трка со времето, знаат колку е важно да се пронајде добар производ кој ќе ја направи кожата сјајна, затегната и младолика. Затоа, пред да ја нанесете вашата вообичаена дневна шминка, пронајдете хидратантна крема според вашиот тип на кожа која во себе содржи природна хијалуронска киселина.

4. Се хранат паметно

Денот го започнувате со тост и кафе? Или, уште полошо, зашеќерени житарици? Иако ова се чини како практично решение за наутро, овој појадок нема да ви даде доволно енергија која е потребна за целиот ден. Всушност, и шеќерот и кафето ќе ви дадат моментална енергија, но веќе кон средината на денот ќе се чувствувате „исцедено“. Наутро ви треба нешто што полека ќе е полни со енергија, нешто богато со влакна и по можност со протеини.

5. Имаат дневен план

Прашајте ја било која успешна жена дали има план на дневни приоритети и веројатно ќе ви одговори дека без него не може да фукционира. Планот помага да останете фокусирани на извршување на најважните обрски. Едноставно запишете ги обврските за тој ден и носете го листот или тефтерот со себе.

Прегледи:
581
Објавено на:
12.04.2018