Категории

Ричард Гир се жени: Неговата избраничка е 34 години помлада од него!

Холивудскиот актер Ричард Гир (68) по трет пат ќе застане пред олтар, а неговата избраничка е 34 години помладата Алехандра Силва.


Актерот, кој жените ги воодушеви со улогите во филмовите „Офицер и џентлмен“ и „Убава жена“, веќе два пати досега беше во брак, со Синди Крафорд од 1991 до 1995 година, па со Кери Ловел од 2002 до 2016 година, а за трета сопруга ја избра оваа убава девојка која е по потекло од Шпанија.

Алехандра Силва (35) и Ричард се во врска веќе три години, а и двајцата имаат по еден син од претходните бракови. Се запознале за време на бракоразводната постапка со поранешните партнери и се вљубиле еден во друг. Двајцата се активисти за човекови права, а Ричард вели дека нив ги споила кармата.

Венчавката ќе се одржи во Вашингтон на 5-ти мај 2018 година, со интимна церемонија.

„Ричард е мојот херој од реалниот живот. Бев изгубена, не можев да видам светлина. Кога го запознав мојот живот доби смисла“, изјавила заљубената Алехандра во 2016 година.

Прегледи:
561
Објавено на:
15.04.2018