Категории

5 намирници кои се непријател на рамниот стомак

Одредена исхрана и правилната диета играат голема улога доколку сакате да поработите на своето здравје, но и на изгледот – особено ако сакате да имате рамен стомак.

Во тој случај, постојат одредени видови на храна кои би требало да ги избегнувате, а тоа се следниве намирници:

1. Црвено месо

Доколку сакате да го зглемите внесувањето на протеини и да останете на диета кој има ниско количество на јаглехидрати, тогаш вашите намери се добри. Сепак, ако тој протеин го добивате од лош извор, тоа би можело дури и да има обратен ефект и да создаде наслаги на стомакот. Затоа, внесуајте протеини преку рибата, пилешкото и мисиркиното, а исфрлете го црвеното месо.

2. Шеќер

Веќе е познато дека шеќерот има негативно влијание врз телото, па затоа не е ни чудно што е поврзан со вишокот масни наслаги на стомакот. Најважно е да внимавате на количината на дневно внесување шеќер во организмот.

3. Алкохол

Иако црното вино има одредени здравствени бенефити, за жал калориите од алкохолните пијалаци влијаат врз содавањето масни наслаги во стомакот. Тоа не значи дека е неопходно да престанете да консумирате алкохол, туку само да бидете умерени.

4. Преработена храна

Познато е дека преработената храна е лоша за организмот бидејќи содржи голема количина на натриум и шеќер, но постои уште една причина зошто треба да ја избегнувате оваа храна. Имено, оваа храна често содржи и трансмасна киселина. Тие киселини служат за продолжување на векот на траење на намирниците, но предизвикуваат и вишок масни наслаги на стомакот.

5. Млечни производи

Повеќете луѓе ги обожаваат овие намирници, но ако сакате што порамен стомак, нивната консумација треба да биде умерена. Имено, сирењето може да содржи заситени маст кои негативно влијаат врз изгледот на стомакот. Исто така, кај луѓето со текот на времето почнуваат проблемите со толеранцијата на лактозата во млечните производи. Лактозата предизвикува многу проблеми во варењето како што е надуеноста.

Прегледи:
462
Објавено на:
15.04.2018