Победникот на Евровизија од 2014 година од Австрија, Кончита Вурст, соопшти дека веќе со години е ХИВ позитивен, а тоа го објавува затоа што поранешниот партнер му се заканувал дека ќе го изнесе тој податок во јавноста.
„Дојде и тој ден кога морам да се ослободам од голем терет до крајот на животот: јас веќе со години сум ХИВ позитивен“, напишал Вурст на својот инстаграм профил.
Тој се одлучил за овој чекор поради заканите од бивш партнер дека ќе ја изнесе оваа информација за него во јавноста, па решил сам да ги извести обожавателите за оваа болест која ја криел досега.
„Во иднина никому не давам за право да ми се заканува и на било каков начин да влијае врз мојот живот“, порачал победникот на Евровизија од 2014-та година.