Со овие нежни бои, се чини дека ќе живееме во „pez“ бонбони или во пудинг од јагода. Признаваме дека сме воодушевени од новите трендови во доменот на ентериерите …
Во сезоната пролет / лето доминираат пастелни бои. Како што може да се види на облека, обувките, така се присутни и во внатрешноста на домот.
Дали сакате во вашиот дом да влезе пролетната свежина и леснотија? Тоа можете да го направите само со неколку детали во пастелни бои: декоративни перници, ќебиња, маси и слично.
Дизајнерите на ентериер, предложија да се откажете од идејата за бели ѕидови и најмалку еден ѕид во дневната соба или спалната соба или било која друга соба , да го исфарбате во нежни пастелни нијанси на зелена, сина, сива или дури и виолетова.
Детали во пастел розово, исто така, ќе му дадат на домот свежина, женственост, пролетен дух! Тие ќе го направат вашиот стан особено пријатен за живот.
Идејата е одлична, а еве и неколку фотки за да ве инспирираат за пролетното преуредување на вашиот животен простор.