За да направите здрава салата, потребно ви е малку имагинација и неколку проверени состојки. Ви претставуваме еден таков рецепт.
Состојки:
- 15 мл свеж исцеден сок од лимон
- половина лажичка мед
- една лажичка свеж изрендан или мелен ѓумбир
- малку цимет
- малку сол
- 250 грама рендан морков (може да додадете и малку рендана зелка)
- 35 грама брусница (свежа или сушена)
- 25 грама исечкани бадеми
Подготовка:
Помешајте го сокот од лимон, ѓумбирот, медот, циметот и додадете го морковот, зелката и брусницата. Сето тоа промешајте го добро и украсете со исечканите бадеми.
Енергетска вредност: 73 калории, 2 грама масти, 15 грама јаглехидрати, 1 грам протеин, 2 грама влакна, 58 мг сол.