Секој од нас, барем еднаш во годината треба да си овозможи патување на место кое досега не го посетил. Патувањето претставува најдобар начин да ги опуштите сите сетила, а притоа да се стекнете со нови искуства и доживувања.
Секоја дестинација има своја убавина, а некои места особено остануваат во сеќавањето, па вреди да се посетат и повеќе пати. Во убавите пролетни денови, туристичката агенција Fly Turizam како и секогаш се прилагодува кон љубителите на патувањето и нуди ексклузивни понуди адаптирани за да ги задоволат потребите и можностите на патниците.
Будва, туристичката метропола на Црна Гора и еден од најстарите градови на Јадранското море е првата дестинција каде што овој месец имате можност да ја посетите и да поминете неколку незаборавни денови. На ова незаборавно патување кое Fly Turizam го носи блиску до вас, сега можете и вие да уживате од 28.04 до 01.05, а сето тоа за цена од 4.900 денари. Будва како центар на црногорскиот туризам е позната по добро зачуваниот средновековен град, песочните плажи и разновидниот ноќен живот.
Покрај посетата на историските и природни убавини на Будва, веќе третиот ден имате можност да го посетите и Дубровник преку Тиват со траект и разгледување на стариот дел на Дубровник: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, палатата Спонза, црквата св. Влах, Дубровачката катедрала, а четвртиот ден ќе уживате во посетата на Св.Стефан и заминување кон манастирот Острог, сместен високо на карпест планински масив, а воедно и најголемото Црногорско светилиште и секако најпосетуван манастир на Балканот.
Одвојте неколку денови за вистинска релаксација и дружба, а притоа посетувајќи повеќе познати дестинации за само неколку денови, а целосната понуда за Будва на Fly Turizam погледнете ја тука.
Но, доколку сте расположени за патување на место каде што ќе го запознаете единствениот спој на ориенталната и европската култура, тогаш нашата препорака за вас е Истанбул, една од најголемите метрополи во светот. За туристите медитеранската клима на Истанбул е благопријатна за разгледување на градот, бидејќи овој прекрасен град излегува на Мраморното Море, а преку Босфорниот Проток се спојуваат двата континенти – Азија и Европа.
Статистиките говорат дека денешниот Истанбул го посетуваат преку сто илјади туристи дневно. Без разлика на својата големина, Истанбул не важи за скапа метропола и е потполно прилагоден на туристите. Во овој несекојдневен град навистина има што да видите, пробате, купите, а сето тоа во договор со Турците и по разумни цени.
Туристичката агенција Fly Turizam ви ја нуди и оваа незаборавна дестинација како доволна причина да одвоите неколку денови месецов. Имено, од 27.04 до 30.04 имате можност да ги доживеете убавините на Истанбул за само 4.898 денари.
Во ова патување е вклучено разгледувањето на многубројни дестинации во овој динамичен град наречен мегаполис, а на вас останува да се јавите и да го закажете своето патување и да понесете резервна батерија и доволно меморија, бидејќи со сигурност ќе сакате да го овековечите овој град на фотографии, а тука тоа е дозволено на секој дел од градот.
За да ја погледнете целосната понуда за Истанбул на туристичката агенција Fly Turizam кликнете тука.
Искористете ја неповторливата можност и изберете една од овие дестинации сосема различни, но совршени во својата уникатност и уживајте во неверојатните убавини кои сега ви се на дофат.