Категории

Еве што прават бебињата во првиот час од својот живот!

Научници од Шведска одлучиле да го пратат развојот на бебето во секоја измината минута по неговото раѓање.

Дали сте се запрашале за што размислуваат бебињата кога ќе дојдат на свет? Што прават во првиот час од својот живот? Шведските научници прателе 28 бебиња и ги бележеле нивните реакции во првиот час од животот. Ви ги прикажуваме резултатите од тоа истражување.

0 минути: Бебето испушта гласен крик за да ја активира плуќата.

2 минута: По првиот плач, бебето се опушта и лежи на мајчините гради. Авторите на истражувањето сметаат дека бебето мирува како би се скрило од евентуални предатори. Станува збор за инстинктивна реакција.

2,5 минута: Бебето за прв пат ги отвора очите и ја поместува главата и устата.

8 минута: Бебето станува активно и ги држи очите отворени полни 5 минути. Почнува да чувствува глад и ја врти главата кон мајчините гради.

18 минута: Бебето заспива.

62 минута: Прво доење – бебето голта помала количина колострум (прво млеко), се стимулираат мајчините гради и започнуваат да произведуваат млеко.

70 минута: Бебето спие.

Прегледи:
422
Објавено на:
20.04.2018