Категории

Тешкиот живот на Кајли Миног: Ми требаше време да се помирам со помислата дека никогаш нема да бидам мајка!

Австралиската пејачка Кајли Миног отсекогаш говорела искрено за себе, за плановите кога станува збор за нејзината работа и за своите интимни амбиции.

Кајли со децении е светска ѕвезда и модна икона. Секогаш оптимистична иако животот за неа бил вистинска борба. Комуникативна и одмерена, секогаш важела за успешна, но жена која не ја пратела среќата во љубовта. Истовремено со љубовните бродоломи, се соочила и со голем здравствен проблем.

Во 37-мата година од животот дијагностициран и е рак на дојка. Иако таа 2006-та година ја победила болеста, за неа тоа било знак дека веројатно нема да се оствари во улогата на мајка.

„Со години размислував како ќе изгледаат моите деца. Претпоставувам сите имаат визија за тоа – дали ќе добијат момче или девојче и дали ќе личат на нив. И јас го правев тоа. Ми требаше некое време да се помирам со помислата дека тоа нема да се случи, дека никогаш нема да бидам мајка. Тоа е навистина тажно“, изјавила своевремено.

Тогаш изгледало дека тоа нема да се случи по природен пат, а денес таа вели дека се поблиска и е идејата дека ќе биде „само маќеа“. Последното болно раскинување со вереникот, деветнаесет години помладиот актер Џошуа Сас бил дефинитивен показател дека бракот не е за неа. Така ги сфатила своите досегашни искуства, но и понатаму верува дека постои некој маж кој ќе и одговара како што ќе му одговара и таа нему.

„Мислев дека ќе можам и сама да имам деца, со години бев отворена за сите опции. Кога не се случи ни тоа, сега уживам што сум тетка. А кој знае, можеби еден ден ќе бидам маќеа“, изјавила Кајли за австралискиот Вог.

Кајли го заврши снимањето на 14-тиот студиски албум „Golden“ и среќна е што тој настанал кога повторно се открила себеси и својата суштина.

„Раскинувањето беше тешко, многу време се залажував дека врската може да успее. А кога помина се, се погледнав себеси и ги искористив сите топли зборови, емоции да напишам некои прекрасни песни“, изјавила во интервјуто.

Прегледи:
383
Објавено на:
23.04.2018