Сите нас не привлекуваат забранетите работи, тоа е во природата на човекот. Велат животот е збир од нови искуства, само што некои од нив не се одобрени од општеството.
Постојат градови во светот кои се препознатливи по поместувањето на границите дозволувајќи им на посетителите да ги остварат своите соништа. Доколку планирате патување со пријателите, тогаш ви ја прикажуваме оваа листа на градови каде што гревовите, алкохолот, жените и забавата траат 24 часа на ден, 365 денови во годината.
1. Лас Вегас, Невада, САД
Не е случајно што овој град е наречен „Градот на гревовите“. Лас Вегас е познат по големата толеранција, тоа е местото каде што е дозволено да сте под дејство на алкохол и никој нема да ви замери освен ако не правите проблеми. Во Лас Вегас коцкањето е легално, бидејќи е примарната економска активност во градот, која што во Мексико е забранета.
2. Амстердам, Холандија
Многу видови на дрога се легални во Амстердам, вклучувајќи ја марихуаната, халуциногените печурки, екстазите и уште многу други видови на дрога. Ова е градот кој преку легализација на дрогата, постигна неверојатен успех во намалувањето на бројката на млади консументи на дрога, која сега претставува само туристичка атракција. Од друга страна, полицијата во Амстердам е позната по својот пријателски пристап, бидејќи не ги загрозуваат туристите. Тука имаат слобода да прават се, вклучувајќи ги и работите кои се прават приватно.
3. Патаја, Тајланд
Ова е еден од најтолерантните градови во светот кога станува збор за легалната проституција. Тоа е и пирчината зошто овој град се голема туристичка атракција.
4. Рио де Жанеиро, Бразил
Проституцијата и ноќниот живот тука се сосема заштитени, бидејќи владата го одобрува и надгледува тој процес. Познат по убавите жени, Рио е градот каде што сите ваши фантазии се исполнуваат.
5. Токио, Јапонија
Познат под името „Главниот град на технологијата“, но овој град има и многу други работи да понуди. Освен проституцијата, тука може да најдете работи кои никогаш не сте можеле ни да ги замислите, кои вклучуваат животни, насилство и многу други нездрави „фантазии“. Што и да барате, без разлика колку бизарно и да изгледа, во Токио ќе го најдете.
6. Хавана, Куба
Иако во оваа држава „придружбата“ не е смета за легална, сепак е една од главните активности на туристите. Најконтроверзен факт во врска со Хавана е тоа што тука ќе ја најдете најголемата понуда за „придружба“.
7. Прага, Чешка
Ова е градот каде што проституцијата е легална и одобрена од владата, познат по убавите жени, е центар на овој вид туризам. Постојат места каде што можете да ја изберете жената, како да купувате некој производ или фустан.