Бидејќи девојчињата по природа се понежни и помирни, жената која ќе роди ќерка се менува на посебен начин.
1. Станува уште понежна
Кога ќе добиете ќерка, многу жени откриваат кај себе некоја нова, уште понежна страна. Чувствуваат внатрешен мир и спокој како никогаш претходно. Како што изминува времето, сфаќаат колку всушност се промениле и дека повеќе немаат потреба за непридвидливи и возбудливи работи како претходно. Почнуваат да уживаат во мирот.
2. Жената почнува на друг нчин да го гледа своето тело
Секоја жена има несигурности, моменти кога не се чувствува убаво во сопствената кожа, кога сака да биде послаба, да има потенок струк или пак поголеми гради. Но, кога на свет ќе дојде нејзината ќерка која ќе го впива секој нејзин збор, жената ќе сфати дека таквиот поглед кон сопственото тело може да и го пренесе и неа. Тоа е последното нешто што секоја мајка го сака! Затоа, ќе внимава што зборува пред малата ќерка, но и ќе се обиде да го промени незадоволството за својот изглед за да сфати нејзиното дете дека не мора да изгледа според одредени стандарди за да биде среќна и задоволна.
3. Ќе запознае некои нови стравови
Како расте нејзината ќерка, свесна за опасностите кои постојат во светот, растат и нејзините стравови за иднината на ќерката. И жените кои претходно биле бестрашни, откако ќе добијат ќерка спознаваат некои стравови – и тоа е потполно нормално. Мајката во секој момент се грижи за сигурноста на своето дете и сака да го заштити од секое зло.
4. Полесно се лути
Стравот, неизбежно во еден момент ќе прерасне во лутина. Жената ќе се лути на неправдата која секојдневно ја трпат жените и ќе биде посвесна поради тоа што и таа самата води битка за женските права, еднаква плата и право на заштита од сексуално вознемирување на работното место. Мајката, како права лавица ќе се бори за светот во кој нејзината ќерка треба да порасне.
5. Ќе стане похрабра
Таа храброст подразбира искажување на своето мислење без страв што ќе мислат другите за тоа, борејќи се против неправдата, заземање став дури и тогаш кога нејзиниот став се коси со другите. Знаејќи дека нејзината ќерка ја гледа и учи од неа, мајката ќе се однесува храбро на начин на кој сака и нејзината ќерка да се однесува еден ден. Ќе има желба да ја научи својата ќерка како да ги следи своите соништа.