Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон, бил хоспитализиран вчера и веќе бил опериран на мозокот. Информацијата беше потврдена и од самиот клуб.
Фергусон се почувствувал лошо вчера, а утрото било повикано амбулантно возило во неговиот дом за да го однесе во Кралската болница Салфорд.
Операцијата поминала успешно и актуелната состојба на Сер Алекс е стабилна, но тој има потреба од период на интензивна нега, за целосно да се опорави, се вели во официјалното соопштение на Јунајтед.
Според некои последните информации се дека Сер Алекс паднал во кома.
Сер Алекс Фергусон е најуспешниот менаџер во историјата на Манчестер Јунајтед. Тој освои 13 шампионски титули на чело на тимот за 26 години и се повлече во 2013 година.