Категории

Патување кое ќе го паметите: 3 совршени дестинации за летен одмор

Доколку оваа година планирате автомобилот или авионот да го замените со кампување, ова се трите фантастични дестинации за тоа.

Португалија

На крајот а западна Европа, со плажи оздадени за сурфери, звукот на брановите и мирисот на сол во воздухот, Португалија е совршеното сценарио за незаборавно патување. За почеток на патувањето, изберете го Порто, градот познат по слаткото вино од регијата Доуро и завршете на Алгарви, најзападниот дел на Европа на кој има златни песочни плажи. На патувањето застанете и во античките градови Брага и Коимбра и секако во Лисабон. Секако не заборавајте да си купите сувенир од оваа земја о облик на шарени керамички плочки кои се симбол на оваа земја.


Мароко

Доколку не ви пречат високите летни температури и песокот во коса, посетете го Мароко. Земја полна со контрасти во која можете да г доживеете сите 4 годинишни времиња во еден ден од скијање на Атлас, јавање камили во Сахара или сурфање на брегот. Во хаотичниот Маракеш или селата сместени на брдата, подгответе се за слаткоречивоста на трговците со чија помош својата вештина за ценкање ќе ја доведете до совршенство. Куферот не го преполнувајте со тешки фигури кои ќе собираат прашина на вашите полици, туку одлучете се за аргановото масло кое ќе ја обнови вашата коса по пустинскиот воздух.


Источниот брег на САД

Доколку го посетите Њујорк и се изморите од градот кој никогаш не спие, изнајмете автомобил и доживејте го останатиот дел од источниот брег, на пример Бостон до кој ве делат само 4 часа возење. Опишан како најевропскиот град во САД, со згради изградени од црвени цигли, тука имате можност да ги посетите двата најважни универзитети Јејл и Харвард. Доколку повеќе ве интересира историјата и уметноста, потребно е да тргнете во друга насока, кон Вашингтон. Главниот град, освен што во него се кријат некои од најважните астракции, како Белата Куќа и Линколн мемориал.

Прегледи:
530
Објавено на:
10.05.2018