Категории

Во лекот за слаби коски откриен е и лек против ќелавост?

Постои можност луѓето кои имаат проблем со паѓањето на косата да поттикнат создавање и растење на нови влакна, што претставува револуционерно откритие за многумина кои се борат против ќелавост.

Потенцијалниот нов лек за ќелавост е откриен сосема случајно, при користење на лекот првобитно наменет за лекување од остеопороза. Зголемениот раст на косата е нуспојава на лекот циклоспорин А, кој се користи за лекување на автономни болести.

Истражувачите откриле дека циклоспорин А го спречува протеинот кој го попречува растењето на косата, СФРП1, кој го блокира молекуларниот пат витален за растењето на многу ткива, вклучувајќи ја и косата. Бидејќи циклоспоринот А има многу нуспојави, истражувачкиот тим побарал нов лек кој исто така ќе ја намали активноста на протеинот СФРП1 и откриле дека Way-316606B, кој се користи за лечење од остеопороза, го спречува СФРП1 дури и подобро од циклоспопринот.

Ова откритие би можело да им помогне на луѓето кои патат од губење на коса. Моментално се достапни два лекови за лечење ќелавост:

  • Миноксидил – за мажи и жени
  • Финастерид – само за мажи

Ниеден од лековте не може да се добие на рецепт, а двата имаат нуспојави и не се 100% делотворни, па затоа луѓето честопати се длучуваат да пресадат коса.

Прегледи:
912
Објавено на:
11.05.2018