Мистер Бу, седумгодишен мачор од Синсенати успеал да ги разбуди сите во домот.
Се покажало дека куќата, во која сите спиеле, се исполнила со јаглен – моноксид, гас кој досега безброј пати ширум светот отрул цели семејства на спиење поради тоа што е потполно незабележителен – без боја, мирис и вкус.
Мачорот се движел низ ходник, ја губел рамнотежата и постојано мјаукал, како да се обидувал да го повика целото семејство.
-Се онесвестил неколку пати додека се обидувал да не разбуди. Тоа е навистина неверојатно затоа што никогаш порано не мјаукал. Како целиот живот да чекал да ја стори таа херојаска работа“, кажала неговата сопственика Кецкес, која кога тргнала по него, исто така се онесвестила.
Нејзиниот татко и братот ја изнеле Кецекс надвор, а подоцна била спасена и нејзината мајка која со неа го носела и мачорот.
Другата семејна мачка исто така се обидувала да помогне, кога се онесвестил Мистер Бу таа се обидувала да го разбуди.
Подоцнежната истрага покажала дека станувало збор за течење на гасен бојлер во подрумот.
Пожарникарите кои дошле на лице место, биле среќни што сите се добро, но го советувале семејството во иднина сепак да набават детектор за јаглен – моноксид.
I got to meet a very lucky family tonight.
They might not be here if it weren’t for their usually quiet cat being awfully loud this morning.
Mr. Boo is the hero of the day after the family’s home filled with carbon monoxide. pic.twitter.com/m7NGqiMUi9— Christian Hauser (@ChristianWKRC12) May 15, 2018