Големите љубовни приказни оставаат трага и потребни се повеќе години да се преболат, а некои никогаш не се забораваат.
Овен
Вие ќе сакате три пати во животот. Претставниците на овој знак се скептични кога станува збор за љубовта. Генерално можат да сакаат три пати во животот.
Бик
Бикот е знак кој вистински може да сака само еднаш. Кога Бикот ќе се заљуби, подготвен е да го помине целиот живот со таа личност, без сомнение.
Близнаци
Близнаците се вљубуваат три пати во животот. Претставниците на знакот на Близнаци имаат тенденција да бараат апсолутна љубов до крајот на животот, без обзир на нивната моментална емотивна состојба. Најчесто, љубовта доаѓа три пати, а Близнаците мислат дека ја пронашле вистинската личност секој пат.
Рак
Раковите можат да се вплеткаат во мрежата на љубовта два пати во животот. Доколку се разочарани од својата прва љубов, тие трошат долг период во потрага по нов партнер, но кога конечно ќе го пронајдат даваат сѐ од себе.
Лав
Лавовите сакаат секохгаш. Тие се посветени на секоја нова љубов. Лавовите се освојувачи и не се плашат од емоциите во новата врска, дури и ако постои опасност да бидат повредени и излажани.
Девица
Девиците можат да сакаат само два пати во животот. Тие се многу скептични кога станува збор за љубовта. Сакаат околу два пати во животот, бидејќи тешко дозволуваат некој потполно да го окупира нивниот свет.
Вага
Вагата е вториот знак покрај Лавот, кој навистина може да го сака секој партнер. Дури и кога е најповредена, Вагата е подготвена за нова љубов.
Шкорпија
Шкорпиите навистина сакаат само еднаш. Претставниците на овој знак можат да имаат многу врски и авантури но сакаат само еднаш. За Шкорпиите односот не е само физички, туку и длабоко емотивен и овие таинствени претставници на Зодијакот тешко градат нови односи.
Стрелец
Тој се вљубува четири пати во животот. Стрелците се искусни во областа на љубовта и можат да сакаат четири пати во животот. Но, за да останат со некого на крај, мора да научат да прават компромиси.
Јарец
Јарците можат да сакаат два пати во животот, но воопшто не им е лесно да ги покажат своите емоции. Исто така, поради нивниот силен карактер, тие секогаш ставаат крај на врските.
Водолија
Водолиите имаат три љубови во животот, вклучувајќи ги и љубовниците со кои го изневеруваат партнерот. Факт е дека тие имаат тенденција да го бараат идеалниот партнер кој е и пријател и љубовник во нивниот живот.
Риби
Претставниците на Рибите можат вистински да сакаат само една личноост во текот на својот живот. Кога ќе ја запознаат сродната душа, фрлаат сидро и не ја пуштаат.