Никој не е совршен и тоа е во ред. Доколку веќе сте најдобрата верзија од себе, нема да имате желба да напредувате и да се борите. Ова се шест начини како да станете најдобрата верзија од себе.
Идентификувајте ги вашите основни вредности
Вашите основни вредности ја претставуваат вашата индивидуална, уникатна суштина. Тие се рефлектираат преку вашето однесување и личните кодекси. Но, тие можат да се променат со текот на времето и тоа е нормално. Значи, треба да ги идентификувате вашите основни вредности и да ги почитувате конзистентно за да доживеете исполнување.
Бидете благодарни за она што го имате
Грижењето, без сомнение, е дел од животот. Тоа е неизбежен факт, а понекогаш тоа е нешто што едноставно што не можете да го контролирате. Вие сте само човечко суштество. Меѓутоа, вие немате никаква корист од грижата. Меѓутоа, кога работите ќе бидат тешки, треба да најдете работи за кои ќе бидете благодарни. Бидете благодарни за она што го имате и ќе имате повеќе. Во случај да се фокусирате на она што немате, нема да имате доволно.
Одвојте време за себе
Секој добар план, надеж или сон кој го имате за во иднина ќе исчезне доколку не сте подготвени да го остварите. Треба да ја пронајдете вистинската рамнотежа помеѓу одмор и работа, помеѓу она што сакате да го направите и што треба да направите.
Направете план
Не треба да го испланирате целиот живот за да пронајдете среќа. Всушност, би било чудно доколку го правите тоа. Сепак, за основните цели, планот е од круцијално значење. Треба да одите чекор по чекор. Не дозволувајте да се преоптоварите.
Бидете дарежливи
Не треба да сте богати за да бидете дарежливи. Можеби нема да имате доволно пари за да им помогнете на сите што заслужуваат. Сепак, можете да им го понудите своето време на луѓето околу вас, вашето сочувство и внимание.
Простувајте и заборавајте
Да простите некому кој ве повредил може да биде навистина тешко. А да заборавите уште потешко. Не треба да се форсирате околу тоа. Простете тогаш кога ќе бидете подготвени тоа да го направите. Тоа е дар за вас и другите луѓе.