Непријатниот здив е причина зошто наутро се трудиме да не дишеме близу некого за да не го почувствува тој мирис. Во текот на ноќта се лачи плунка, желудникот работи поспоро, а сето тоа е причина за настанувањето на непријатен здив.
Меѓутоа, проблемот е поголем доколку и покрај користењето на паста за заби, наутро не можете да се ослободите од непријатниот здив. Но, не грижете се. Постои еден трик, кој за кратко време ќе ви даде резултати.
Се што треба да направите е откако ќе ги измиете забите со паста да земете исчистени ливчиња од коријандер или мента и да ги џвакате пет минути. Делуваат антибактериски и помагаат во елиминацијата на лошиот здив.