Категории

ГРОЗНА ГЛЕТКА: Во познат ресторан камерите фатија што сè се мотка низ храната (ВИДЕО)

Муштериите во еден познат американски ланец ресторани останаа згрозени после снимката која се појави на интернет во која се гледа како глувци претрчуваат над лепчињата за бургери.

Поради тоа угостителскиот објект во Вилмингтон, во Делавер е привремено затворен од затворен поради очигледната наезда на глодари.

Истрагата е покрената кога на Фејсбук е поставено видео од глувци кои се наоѓаат во кеса полна со лепчиња. Освен тоа, забележано е и дека глодарите биле на подот, покрај машината за лед и кутијата со сируп, како и во другите делови од објектот, наведено е во извештајот од инспекцијата.

Снимката беше доволна за граѓаните да прокоментираат дека никогаш нема да одат во тој ресторан.

Прегледи:
433
Објавено на:
06.06.2018