Агенција за млади и спорт на Република Македонија за прв пат аплицираше во Програмата на Ерасмус + при Европската Комисија во декември 2017 година за проектот „Европската недела на спорт” насловен како #BeActive.
Главна цел при аплицирање на проектот беше фактот што Република Македонија е земја на Балканот, а спортот и физичката активност ќе претставуваат национален проект, со што доделувањето на кофинансирање од Европската Комисија во Програмата ќе придонесат за развој на спортот во смисла на активно вклучување на граѓаните, индивидуално и институционално унапредување и промовирање на стилови за водење грижа на здрав живот на секој поединец. Воведувањето на овој проект во Република Македонија на локално ниво ќе овозможи квалитетни активности кои создаваат вредност и одржливи резултати кои ќе ја продолжат #BeActive пораката во земјата.
Да креираме заедно поубаво општество и здрава иднина за сите. Приклучете се во сите спортски активности што ги носи Европската недела на спортот и во подготвителната кампања која е дел од Програмата на Координативното тело. Согласно препораките на Европската Комисија, утврдени се кофинансирани средства кои ќе бидат искористени за реализација на целокупниот проект, а останатиот дел ќе се обезбеди преку соработка со спонзори, партнери и компании, а добиените средства ќе се користат исклучиво врз основа на промотивни активности. „Европската недела на спортот“ се случува истовремено низ цела Европа, а вашите активности ќе бидат прикажани во сите земји.
Потребата и желбата за спортот не познава старосни граници. Бидете и Вие дел од „Европската недела на спортот“ и помогнете во остварувањето на мисијата преку кампањата #BeActive. Со здрави навики до среќно општество!