Категории

5 причини зошто вреди да сте во врска со секој хороскопски знак

Овен

1. Сексот со овенот никогаш нема да биде досаден и бидејќи се многу издржливи никогаш нема да трае кусо.

2. Овните никогаш не сакаат да ја држат лутината во себе, па кавгите брзо се решаваат и лесно се забораваат.

3. Тие ја сакаат спонтаноста и често ќе ве изненадуваат со подароци, љубовни писма и луди авантури.

4. Секогаш ќе можете да сметате дека ќе борат за вас.

5. Нема потреба да се плашите дека врската ќе ви стане монотона, бидејќи со нив сè е возбудливо и авантуристичко.

Бик

1. Биковите се најлојалните луѓе кои некогаш сте ги сретнале. Штом еднаш ви се посветат, нема никогаш да застранат.

2. Нивната сензуална природа ќе ви се исплати во спалната соба. Секогаш ќе се погрижат да бидете задоволени.

3. Ќе ве разгалуваат со екстравагантни вечери и добро вино.

4. Никогаш нема да има потреба да се прашувате кои му се намерите и мотивите, бидејќи секогаш се директни и отворени.

5. Кога сте под стрес, партнерот роден во знакот бик секогаш ќе биде тука да ви даде поддршка и да се грижи за вас.

Близнаци

1. Близнаците се генерално заинтересирани за многу теми, па со задоволство ќе сакаат да ги научат работите за кои вие се интересирате.

2. Нивната досетливост секогаш ќе ве засмева.

3. Нема да имате потреба да се грижите за недостаток од комуникација, бидејќи тие секогаш сакаат детално да ги разработуваат сите теми на муабет.

4. Тие се социјални типови кои на прво место сакаат да ви се пријатели, а на второ место партнери. Врската со нив ќе ви биде забавна и исполнета долги години.

5. Близнаците имаат способност да ве запалат со муабет, без притоа да сте блиску до спалната соба.

Рак

1. Раковите се луѓе кои сакаат да помагаат, па секогаш ќе се грижат за вас.

2. Тие ги разбираат длабоките емоции и не се плашат да ги покажат своите чувства.

3. Нивна омилена активност е гушкање со партнерот во домашна пријатна атмосфера.

4. Тие сакаат сексот да им биде страстен, да ги исполнува и да значи нешто.

5. Тие трошат многу време и енергија за да го направат нивниот дом удобен, па никогаш нема да сакате да си заминете од таму.

1 2 3

Прегледи:
1487
Објавено на:
21.07.2016