Категории

До крај на јуни овие два хороскопски знаци ќе ја пронајдат својата сродна душа

Доколку сте Рак или Јарец во хороскоп, отворете го срцето- пристигнува вашата сродна душа.

Рак

Раковите во почетокот на јуни ќе се препородат- ќе зрачат со позитивна енергија и сексапил, но и нивните емоции и чувства ќе бидат поинтензивни. Доколку веќе сте во врска- ова ќе биде период во кој ќе ги доживеете најубавите моменти, а доколку сакате да го зголемите семејството или да стапите во брак, ова е вистинскиот момент за тоа.

Слободните Ракови на почетокот на овој месец ги очекува судбинска љубов на некоја забава или вечерно излегување. Можно е да ја запознаете љубовта на вашиот живот преку работното место, но бидете внимателни- таа личност може да биде многу комплицирана, а може да се случи тоа да биде некој кој ви е надреден или многу важен.

Полната месечина, на 28. ви носи кулминација, разрешување на некоја случка или љубовна ситуација, но и официјализирање на врската.

Јарец

За Јарците јуни ќе биде и можеби пресуден месец кога станува збор за љубовта, бидејќи многу работи ќе успеат да се разрешат и конечно се да дојде на свое место. Венера од астролошкото поле на односите и љубовта на почетокот на јуни ви носи мирна и романтична енергија, особено за Јарците кои се во врска, но и сите оние кои имале проблеми во односите ќе успеат да ги разрешат- или ќе поминат преку нив или ќе стават точка засекогаш.

По 14. јуни, кога Венера ќе премине во знакот на Лав и вашето астролошко поле на страста, емоциите и кармата, следат многу случувања на љубовно поле кои ќе го променат текот на вашата судбина. Периодот од 16. до 27. јуни ќе биде многу турбулентен кога станува збор за емоциите.

Слободните Јарци треба да имаат на ум дека веројатно ќе ја сретнат кармичката љубов со личност во знакот на Рак, Риби или Бик, а тоа може да биде интерсен, но и однос полн со предизвици.

 

Прегледи:
447
Објавено на:
13.06.2018