Личниот тренер на популарната пејачка Мадона смислил специјална диета, која и помага да остане фит. Ова дефинитивно не е брза диета, но е здрава и долготрајна. Со неа за 7 денови можете да изгубите 1 килограм.
Диетата на Мадона има едно едноставно правило- масти, протеини и јаглехидрати треба да бидат во сооднос од 30:30:40. Јаглехидратите мораат да бидат сложени (зелленчук, овошје, интегрални житарици), а не лоши „брашнести“, (бел леб, бел ориз, пржени компири, шеќер, тестенини, колачи). Мастите се задолжителни, бидејќи го смалуваат чувството на глад, ја стимулираат работата на мозокот и ви даваат чувство на задоволство. Заборавете на кофеинот.
Мени:
Појадок – тост со две белки и едно јајце, јаболко, портокал или круша.
Ручек – пилешки или мисиркини гради во сендвич со леб од интегрални житарици и малку мајонез.
Вечера – една порција протеини (риба, пилешки гради или јунешко), многу зеленчук, мала порција тестенини од интегрални житарици и половина мал печен компир.