Категории

Жените родени во овие 3 хороскопски знаци се себични и најлоши партнерки

Доколку вашата нова љубов е проблематична, проверете да не е родена во некој од овие 3 хороскопски знаци.

Дали сме добри партнери поради нашиот карактер и менталниот склоп? Ако постојано имаме проблем во врската, можеби тоа е поради лошиот избор. Или пак проблемот е до нас? Жените во овие 3 хороскопски знаци многу тешко остваруваат љубовни врски. Доколку сакате љубов за цел живот, тоа со нив ќе биде најтешко, речиси невозможно.

Овен

Жените во овој знак имаат потреба да контролираат и да го надгледуваат секој аспект од врската. Не станува збор за тоа дека не ве почитуваат како личност. Тие се такви природно. Мораат се да испланираат однапред и сакаат се да биде на свое место. Поради својата самодоверба со тек на време ја покажуваат својата надмоќна природа со која е тешко да се носите. Таа нема да реагира добро доколку ја загрозувате и доколку вашата личност е интензивна и моќна како нивната.

Девица

Постои едно нешто кое им е привлечно на луѓето кај Девиците – тоа е нивната опсесивно критичка и осудувачка природа. Поради својата перфекционистичка филозофија, Девиците имаат неразумно високи стандарди. Тие од вас ќе очекуваат да бидете повеќе од она што сте, и нема да им биде жал доколку се чувствувате лошо поради тоа што сте ги изневериле нивните очекувања. Таа смета дека има право да поставува високи стандарди и ако навистина сакате да бидете со нив, мора да дадете се од себе за да ги исполните.

Скорпија

Од сите хороскопски знаци, жените во знакот на Скорпија се едни од најинтересните и најуникатните. Тие поседуваат многу квалитети. Паметни се, перцептивни, организирани и одговорни. Тоа што им недостасува е посветеност. Тие ги прават работите на одреден начин и мразат кога треба да се прилагодуваат според туѓите желби. Потребен им е голем труд и посветеност за да станат во врска со вас. Повеќето мажи остануваат разочарани по врската со Скорпија.

 

Прегледи:
482
Објавено на:
25.06.2018