Категории

Ова се три лесни рецепти за слабеење. Подгответе ги сами и постигнете ја посакуваната тежина!

Најароматичниот зачин на планетата – циметот, својата употреба ја наоѓа во сите светски кујни како составен дел од слатките, но во традиционалната медицина се користи и кај личностите кои имаат проблем со прекумерната тежина.

Експериментално е докажано дека циметот го намалува нивото на масти и лош холестерол, има фунгицидно дејство, односно ги уништува габичните инфекции и го спречува нивното размножување. Циметот е одличен извор на манган, железо, калциум, бакар и цинк. Од витамини одржи Ц, К, пиродоксин (Б6) и рибофлавин (Б2).

Утрински чај

Утринскиот чај ќе биде уште повкусен ако во него додадете цимет, бидејќи на тој начин тој ќе стане природен напиток за слабеење. Уште подобро би било доколку во чајот додадете и мед. На една шолја чај оптимално додадете една лажичка мелен цимет и две лажички мед. Калориите кои се наоѓаат во две лажички мед нема да се „лепат“ за телото бидејќи циметот и медот се одлични сојузници во борбата против вишокот килограми.

Попладневна вкусна ужина

Во попладневните часови со циметот и медот додадете и половина лажичка ѓумбир. Циметот и ѓумбирот се една добра комбинација за слабеење. Во две лажички мед промешајте половина лажичка цимет и половина лажичка ѓумбир. Ова нека ви послужи како магичен намаз за тост, кога е време за ужина.

Вечерен напиток

Во вечерните часови се препорачува да сварите 200 мл вода со еднакви делови на мед и цимет, по половина лажичка. Испијте го напитокот половина час пред спиење.

Прегледи:
518
Објавено на:
25.06.2018