Категории

Откако раскина со богатиот бизнисмен, откриена е новата врска на Ријана со популарниот актер!

Познатата пејачка од Барбадос, Ријана, само што ја раскина врската со богатиот бизнисмен од Саудиска Арабија, а веќе заплови во нова романса со актерот Роберт Патисон, пишуваат американските медиуми.

Извор близок до пејачката открива дека тие се виделе неколку пати досега, но се трудат да бидат многу внимателни поради папараците. Отсекогаш постоеја симпатии помеѓу нив, а сега е вистинско време за врска.

Се започнало минатиот месец на Мет Гала церемонијата, кога другарката на Ријана, Кети Пери и рекла да обрне внимание на Роберт и дека тој е сега слободен. Тогаш парот договорил таен состанок во Њујорк, а сега се гледаат во Лос Анџелес.

Ријана неодамна ја заврши едногодишната врска со милијардерот Хасан Џамил кој „тежи“ 1.5 милијарди евра. Пејачката никогаш не го потврди раскинувањето, но неодамна рекла: „Имав навика да се чувствувам виновна поради одвојувањето на време за себе, но исто така мислам дека никогаш не сум запознала некој кој би бил вреден за тоа“.

 

Прегледи:
526
Објавено на:
27.06.2018