Категории

Роби Вилијамс отворено за својата психичка состојба: Тешко е да се биде во мојата глава, понекогаш не ми се станува од кревет

Контроверзниот музичар, кој неодамна го отвори мундијалот во Русија, повторно ги шокираше фановите ширум светот.

Роби Вилијамс признал во интервјуто за лондонскиот „Радио 2“ како е уверен дека има психичко пореметување. „Нешто дефинитивно недостасува во мене. Не знам дали е тоа аутизам или Асперегеров синдром, но тешко е да се биде во мојата глава. Имам некои компулзии, зависности, би рекол дека тоа е душевна болест. Секој ден е поинаков, дури и кога правам исти работи. Некои денови едноставно не знам да објаснам зошто не можам да станам од кревет“, рекол Роби.

Последните неколку години, како што вели, повеќе го цени животот, особено откако ја добил ќерката Теодора и синот Чарлтон. Тој открил дека има своевидна опсесија со гуглање на своето име и барање негативни коментари за себе:

„Тоа е истовремено и проклетство и благослов, бидејќи секогаш читам дека сум глупав и не знам да пејам, но тоа ме води напред. Поради тоа сум денес ваков човек.“

 

За потсетување, Роби во своите дамнешни интервјуа умееше да каже дека „во главата има болест која ќе го убие“, дека многу пати бил близу до смртта, а за својот живот полн со успеси и падови го споредил со животот на покојниот Џорџ Мајкл.

Прегледи:
446
Објавено на:
02.07.2018