Категории

Три пропаднати брака, симбол за вечен сексапил, филм за возрасни: Најшокантни детали од животот на Памела Андерсон

Заносната Памела Андерсон и нејзините секси сцени од „Чуварите на плажата“ ги помнат сите, па слободно можеме да кажеме дека црвениот едноделен костим за капење и заводливото трчање по плажата ја направи мега популарна.

А и години подоцна, па дури и децении, Памела со своите атрибути и понатаму е помеѓу секс симболите и најатрактивните жени во светот. Камерата и понатаму ја сака, со оглед на тоа дека честопати ги зазема насловните страни на машките магазини, а нејзиниот сексапил и понатаму добро го „чува“.

Секси „чуварката на плажа“, освен поради својот физички изглед, честопати била на мета на скандалите поради својот бурен љубовен живот со Томи Ли со кој била во брак три години, како и порно видеото со него, со кој има и две деца Брендон и Дилан.

 

Подоцна овој рокер го заменила со друг – Кид Рок, со кој во брачната заедница била само една година.

Два пати се венчала со професионалецот во покер Рик Соломон, кој освен со Памела, бил и со познатата Парис Хилтон, како и со ѕвездата од „Беверли Хилс 90210“, актерката Шенон Доерти. Моментално е во врска со фудбалерот Адил Рами.

 

Прегледи:
486
Објавено на:
02.07.2018