Славната пејачка овие денови ужива во едноставни задоволства.
На плажа, со својата љубов и чаша вино, таа го зема потребниот одмор пред да замине во Лас Вегас подоцна годинава каде ќе има свое постојано шоу.
Хемптон е омиленото место на славните во летниот период, а 32 годишната Гага и нејзиниот вереник Кристијан Карино не се исклучок.
Тие уживаа на плажата, а Гага во едноставно црно бикини ја покажа својата љубов кон уметноста, преку нејзиното тело покриено со тетоважи.