Во топлите летни денови време е да ги разгориме вашите мечти и да ја разбудиме фантазијата која ќе ве донесе до неколку од најубавите светски плажи.
Уживајте во она што ќе го видите и можеби токму тоа е вашата следна дестинација.
Copacabana, Рио де Жанеиро, Бразил
Оваа плажа е 5-километарско пространство од бел песок. Постои вечна борба помеѓу туристите кои играат одбојка или некој друг спорт и оние кои сакаат да се излежуваат под зраците на сонцето.
Waikiki, Хаваи
Како една од најпознатите плажи на светот, Waikiki се наоѓа на островот Оаху. Најдобро време за уживање е од средината на декември до крајот на март. Овде летните температури достигнуваат до 30 степени.
Cancun, Мексико
Од луксузно сместување до постојана забава, Канкун ви нуди се што некогаш сте можеле само да замислите.
Black’s Beach, Сан Диего, Калифорнија
Позната по високите гребени е една од најпознатите плажи на светот за сурфање и параглајдерство. Но доколку вас ве привлекуваат и помалку опасни активности, слободно можете да се одлучите за уживање во топлес, пливање и излежување на карпите.
Manly Beach, Сиднеј, Австралија
До оваа плажа се доаѓа со траект, а кога ќе стапнете таму ќе сфатите дека ништо не ви недостасува. Од опрема за водени спортови до рестораните и недобројаните продавници, овде имате се што ви е потребно.